075 770 777
08:00 - 21:00
Александар Македонски 43, 7500 Прилеп МК
top

Техничка служба

АТЕСТ

 

Упатот на атест може да настане поради неколку причини – вградување на плински уред во возиото, поставување на двојни команди, утврдување на техничките карактеристики на возилото, пренамена на возилото од патничко во товарно и обратно и слично.

 

Што се е потребно да се направи за да се спроведе целата постапка:

  • Барање за атест кое се добива на шалтерите за регистрација во Алфа Ауто
  • Сообраќајна дозвола од возилото
  • Записник за атест (од страна на контролорите во Алфа Ауто)
  • Упат за атест (во МВР) до службеното правно лице лиценцирано за вршење на атест (Алфа Ауто)
  • Упатот се заверува од страна на службеникот од МВР во Алфа Ауто

 

ПОСЕБНО ТЕХНИЧКО-ЕКСПЛОАТАЦИОНИ УСЛОВИ

 

Домашен превозник може да врши превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај врз основа на лиценца.

 

Превозот во патниот сообраќај се врши со моторни и приклучни возила што ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата и  посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за одделните видови на превоз.

 

Проверка на исполнетоста на посебно-техничко експлоатационите услови на возилата со кои се вршат одделни видови на превоз во патниот сообраќај се врши во станицата за технички преглед Алфа Ауто, согласно со прописите за безбедност во сообраќајот.

 

За возилата што ги исполнуваат посебните техночко-експлоатациони услови правното лице овластено за вршење на технички преглед издава потврда.

 

Единечно одобрување на возило (ХОМОЛОГАЦИЈА)

Единечното одобрување на возила е постапка во која органот за одобрување (Биро за метрологија на РМ) врз основа на наоди на техничка служба потврдува дека прегледаното единечно возило, уникатно или не, ги исполнува пропишаните барања и согласно со тоа му се издава одобрение за единечно возило.
Постапката за единечно одобрување на возило се спроведува:

  • за возило чиј што тип не бил одобрен во согласност со одредбите од Законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон;
  • во случај на повеќефазно изработување на возило за посебните фази на изработка, доколку некоја од тие фази се предмет на постапка на повеќефазното одобрување.

Идентификација и оцена на техничката состојба на возила

„Оцена на техничката состојба на возилото” е постапка во која визуелно се проверува неговата целосност и способност за безбедно возење во сообраќајот на патиштата, односно за безбедна работа при извршувањето на земјоделски и шумски работи, како и проверка дали возилото не било преправено, односно поправано во согласност со член 19 од Законот за возила.

(1) Постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, како и за возило за кое типот е одобрен во Република Македонија, а за конкретното  возило странката нема обезбедено потврда за сообразеност издадена од застапникот на производителот во Република Македонија.
(2) Постапката од ставот (1) на овој член може да се спроведе само ако техничките барања врз основа на кои е добиено ЕУ одобрување на тип, односно одобрување на типот во Република Македонија, се најмалку на нивото на техничките барања кои се во примена за соодветното возило.
(3) Листата на техничките спецификации, еквивалентните со нив правилници на ECE за возилата, во постапката за идентификација и оцена на техничката состојба, како и временскиот период за нивна примена е дадена во Прилог 1, кој е составен дел на овој правилник.
(4) Во случај кога во постапката на идентификација и оцена на техничката состојба се утврди дека возилото е преправено или поправено, постапката се прекинува, а одобрувањето на возилото, согласно одредбите од член 57 став (1) алинеја 3 од Законот за возила може да продолжи кај техничката служба овластена за одобрување на соодветниот вид на преправки.

Идентификација на возила

„Идентификација” е постапка во која се утврдува истоветноста на возилото и неговите основни технички податоци со помош на приложената документација и/или со проверка на податоците во регистарот на податоци на возила.
Постапката за идентификација на возилата се спроведува во рокови и за возила утврдени со член 24 од Законот за возила.

 

ЦЕМТ – Проверка на подготвеноста на возилата за сообраќај и издавање на Сертификат

Согласно овластување од страна на Министерството за транспорт и врски, Алфа Ауто спроведува проверка на подготвеноста на возилата за сообраќај и издава Сертификат. Проверките се вршат врз основа на Европската конвенција на Министрите за транспорт (ЕКМТ – ЦЕМТ), за возила ЕУРО3, ЕУРО4 и ЕУРО5. По извршените проверки на возилата, за тие кои ги исполнуваат барањата, се издаваат Сертификати кои понатаму претставуваат и еден од влезните елементи при аплицирање на превозниците во распределбата на годишните ЕКМТ (ЦЕМТ) дозволи.