075 770 777
08:00 - 21:00
Александар Македонски 43, 7500 Прилеп МК
top

Engine Diagnostics

Центрирање

Кога возилото го има изгубено центарот при управување Вашата  безбедност во возење е загрозена. Кога оските се непорамнети очигледно е дека возилото влече на една страна од патот или воланот создава вибрации. Во некои случаи тоа може да биде неприметливо и поради тоа Ви се потребни редовни проверки на правецот на оските и гумите. Колку подобро го одржувате Вашето возило толку подолго ќе Ве служи.

Кога тркалата на Вашето возило се порамнети управувањето на истото станува подобро.

Со центрирање во Алфа Ауто добивате долгорочни и подобрени перформанси и зголемена безбедност.

Дали Вашето возило влече на една страна?

Дали гумите брзо Ви се трошат?

Дали позицијата на Вашиот волан е сменета?

  • Инспекција на целото подвозје и системот за управување и целосна проверка на состојбата на гумите
  • Возилото се поставува на уред за проверка на подвозјето и утврдување на возна состојба и отстрануивање на недостатоците (промена на неиправните делови
  • Возилото се поставува на платформа за центрирање каде што се монтираат ласерските сензори кои ја покажуваат моменталната состојба и параметри
  • Правецот, нагибот и аголот помеѓу двете осовини се подесуваат по спецификација на производителот
  • Откако ќе се центрира возилото се врши тест возење.

Нашите техничари користат најсовремени компјутеризирани 3Д машини што мерат нагиб, правец и агол од производителите Hunter Engineering и Beissbarth Gmbh.

Проверки при секое центрирање

Кога деловите од подвозјето (амортизери, спони, јабучици и сл.) почнуваат да се трошат и оштетуваат доаѓа до разни вибрации, звуци, рано трошење на гумите, неправилности при управување и сл.

Затоа Нашите техничари прават комплетна проверка на подвозјето при секое центрирање.