075 770 777
08:00 - 21:00
Александар Македонски 43, 7500 Прилеп МК
top

Осигурување

ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

 

Задолжително осигурување на моторни возила

Со полисата од автомобилска одговорност можете да ги склучите следните дополнителни осигурувања:

 

  • Дополнително каско осигурување на стакла од кршење
  • Осигурување од автомобилска одговорност за штети предизвикани на трети лица во странство – Зелена карта
  • Дополнителното осигурување на возачи, патниците и работници од последици на несреќен случај (незгода) за време на управување и возење моторни и други возила

 

Каско осигурувањe на моторни возила

Каско значи осигурување од штета на сопственото моторно возило. Оваа полиса всушност ги покрива и штетите за кои можеби Вие сте одговорни. За разлика од осигурувањето од автомобилска одговорност, каско осигурувањето не е задолжително – што значи дека осигуреникот може доброволно да ја склучи полисата со намера моторното возило да го заштити од најразлични оштетувања.

Зелен картон

Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветна компанија и е замена за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.

ПРЕМИЈА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЗЕЛЕН КАРТОН:

 

Возило Цена
Патнички возила до 66 kW – годишен 3.690 ден.
Патнички возила над 66 kW – годишен 5.536 ден.
Патнички возила до 66 kW – месечен 1.850 ден.
Патнички возила над 66 kW – месечен 3.075 ден.
Влечни возила, специјални возила, моторцикли, приклучни возила и работни возила 5.536 ден.
Товарни возила и автобуси 17.222 ден.

 

Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.