075 770 777
08:00 - 21:00
Александар Македонски 43, 7500 Прилеп МК
top

МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

 

Меѓународна возачка дозвола Согласно со Конвенцијата за сообраќај на патиштата од 8 ноември 1968 година, оваа дозвола е валидна и важи на територијата на сите земји потписнички на Конвенцијата.

 

Потребни документи:

  • 2 фотографии (45мм x 35мм)
  • Лично присуство со валиден документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • Национална возачка дозвола
  • Потврда од МВР за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од страна на МВР во Алфа Ауто)

Важност

3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола

 

Меѓународната возачка дозвола можете да ја извадите во работно време на шалтерот на Алфа Ауто од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок и од 08:00 до 15:00 во сабота доколку веќе ја поседувате потребната потврда од МВР за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.

 

 

ОДОБРЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО (ПОЛНОМОШНО)

 

 Одобрението за управување на туѓо моторно возило се издава според едниствениот унифициран и стандарден образец AIT – Меѓународната туристичка алијанса и FIA – Меѓународната автомобилска федерација.

 

Потребни документи:

  • Сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • Лично присуство на корисникот на возилото со пасош

Важност   1 година